ул. Љубљанска 14, Скопје
Понеделник - Сабота 08:00-16:00
+389 71 397 484

За Нас

Нашата визија

Нашата визија е да прераснеме во компанија која високо професионално ќе одговори на секој предизвик поставен пред неа, ќе постави нови стандарди, а воедно под своја закрила ќе ги има најголемите стручњаци.

Нашата мисија

Мисијата на Елена Лука Инженеринг е да понуди висок квалитет на реализација на проектите, од фазата на планирање, па се до целосното завршување на проектот, поставувајќи нови стандарди во сферата на градежништвото.

Елена Лука Инженеринг е продолжение на една долгогодишна семејна традиција. Приказната започнува во 2015-та година со формирање на компанијата Elena Luka Home, која започнува да инвестира и да гради станбено-деловни објекти, компанија која низ годините успева да се издвои како препознатлив бренд на македонскиот пазар за градежништво и да остави печат на архитектурата во Скопје.

Kако резултат на зголемената побарувачка, но и дефицитот на високо професионални компании на пазарот на градежништво, решивме да се насочиме кон подобрување на квалитетот на градба и изведба. Компанијата успешно ги реализира тековните проекти на Elena Luka Home, а воедно има ресурси за брза, квалитетна и успешна реализација на проекти од други инвеститори.

Всушност, Eлена Лука Инженеринг е компанија која нуди секаков тип на конструкциски решенија.

Нашиот тим

Елена Пандева

Сопственик и генерален менаџер

Јордан Тасевски

Архитект

Виктор Ефремовски

Асистент на завршни работи

Александар Крстов

Управител

Елвис Реџеп

Раководител на водовод и канализација

Мемед Мемети

Ракувач со градежни машини

Мирослав Јовески

Главен Инженер

Александар Крстевски

Раководител на завршни работи

Мартин Николовски

Оперативец