04
Апр

Демит фасада – високо естетска и енергетски ефикасна

Дали сте знаеле дека дури 30% од топлинската енергија се губи преку надворешните ѕидови? Па, тоа е практично исполнување на стравот на нашите родители, дека ја грееме улицата!

Шегата настрана, мора да почнеме да планираме на долг рок и да ја земеме предвид фасадата која е клучна за зачувување на топлинската енергијата. А, тоа значи помали сметки за електрична енергија!

Постојат повеќе видови на фасади и изолација. Но, најпопуларна е т.н. ДЕМИТ фасада или контактна фасада затоа што таа може да Ви заштеди до 60% енергија.

Функцијата на самата фасада е термална и звучна изолација, иако некогаш се запазува естетската функција на штета на практичната. Фасадата на зградата мора да ги издржи сите временски услови, високи и ниски температури, дождови, снегови, силни ветришта.

Демит фасадата е систем кој се поставува директно на надворешниот ѕид на зградата.

Процесот на вградување на демит фасадата се постигнува преку експандиран полистерен, армирана мрежа, фасадни лепила и анкери. На крајот се нанесува слој од декоративен текстуриран малтер (абриб) кој се состои од силикатен материјал. Термичката фасада може да се постави на сите површини. Elena Luka Engineering се грижи за сите аспекти на живеењето, а особено посветува внимание кога се работи за материјалите кои ги употребува. Заштедата на енергија значи зачувување на околината, па затоа демит фасадата е имплементирана во сите наши објекти.