28
Окт

Почетоците на употреба на столб и греда во градежништвото

Основните конструктивни елементи кои се применуваат и денес во современото градежништво датираат од периодот од 3000 години пред наша ера.

Праисторискиот споменик Стоунхенџ во Англија, најпознатиот пример од мегалитската архитектура (мегалит – на грчки голем камен ) се состои од исправени камени блокови со висина од околу 4 метри и тежина од околу 25 тона, поставени во два круга, внатрешен и надворешен, над кои се наоѓаат хоризонтални монолитни грамади.

За нас е најинтересен фактот дека градителите за прв пат во историјата употребиле архитравен систем, тогаш се уште во примитивна форма, грубо и најверојатно ненамерно, но сепак ги употребиле столбот и гредата во изградбата што суштински не се разликуваат од денешното градење од таа врста.

Стоунхенџ е направен во периодот од 3000 до 2000 години пред наша ера, од кој нема запишани податоци, така што многу прашања поврзани со начинот на изградбата и целта поради која е изграден објектот, остануваат се уште во доменот на теоријата. Поголемиот број од научниците сметаат дека овој објект имал улога во изведбата на паганските ритуали од тоа време.