Детали за проектот.
Клиент: Elena Luka Home
Локација: Аеродром, Скопје
Година на завршување: 2018
Станбен простор: 8.450 m2
Деловен простор: 1.200 m2
Заокружување на станбено-деловниот комплекс „EL Home – Eco Home“ со третиот објект Business Homes кој совршено се вклопува во природното окружување. Благодарение на модерниот дизајн и претходните два објекта Luxury Homes и Living Large, овој објект уште на прв поглед остава впечаток на моќ и елеганција.
Високо квалитетни станови со намалена енергетска потрошувачка кои ќе ви овозможат одличен ефективен простор, како и веќе испробаните и добро познати материјали со врвен квалитет со кој работиме години наназад.
Деловен простор на две нивоа кој уште од самата улица плени со својата пространост и убавина како и уредувањето со зелени кровови и површини.