10
Окт

Поставување на камен-темелник на станбен објект „Connect 5“

Вчера беше поставен камен-темелникот на станбениот објект „Connect 5“ во Аеродром – населбата која е спој на историјата и иднината, на старото и ново Скопје, на традицијата и архитектурата, со отворена панорама на метрополата и единствено место за живот кој фантазијата ја претвора во реалност.

За она што можат купувачите да го очекуваат од „Connect 5“ во однос на останатите објекти, поразговаравме со генералниот менаџер и сопственик на компанијата Елена Пандева.

„Продолжуваме со квалитет, што го наметнавме и со претходните градби, но секако, подобрен и модернизиран и во поглед на материјали и во поглед на изведба. Користиме првокласни материјали на сите нивоа, ги следиме актуелните трендови во градежниот свет, со цел да им го понудиме најдоброто на нашите клиенти.“ – изјави Пандева.

На свеченоста присуствуваа и дел од идните станари на објектот, кои не го криеја задоволството за започнатата работа.

„Денеска сум навистина среќна. Гледам многу насмеани лица. Го одбележавме започнувањето на третиот објект на традиционален начин, со сите почести. Прекрасно е кога давате и примате љубов, а јас сум почестена што овие луѓе ја дале во наши раце.“ – вели Елена.

Таа додаде дека и покрај тоа што се заокружува приказната за населба Аеродром, компанијата продолжува со својата работа на повеќе атрактивни локации во Кисела Вода, Карпош и Црниче.

„Секој од нашите објекти има своја карактерност, со што сакаме да задоволиме вкусовите и потребите на различни луѓе.“ – додава сопственичката.