02
Јун

Рекордно поставување на темелна плоча за 24 часа

Нашите работници вредно работеа во текот на целиот ден и темелната плоча на новиот станбено-деловен објект Business Homes ја поставивме за рекордно време од 24 часа заклучно со горна финална обработка.

Во самата темелна плоча на овој објект во Аеродром се вградени 2.325m³ водонепропусен бетон МБ 30 и 195 тони бетонско железо-ребраста арматура RA 400/500 – 2.

Во изградбата на овој објект учествуваат низа високостручни лица докажани во својата фела, секако под водство на Елена Пандева – генерален менаџер на Elena Luka Engineering, која е веќе докажана личност со исклучителна естетика и љубител на високо квалитетни материјали.

Станбено деловниот објект Business Homes кој се наоѓа на само 7 минути од плоштад Македонија, со препознатлив и обогатен индустриски дизајн типичен за најпознатите светски метрополи ќе биде вистинска сензација за граѓаните кои пред сè сакаат  квалитетно колективно домување, како и функционални отворени простори за водење успешни бизниси.